| четврток, 6 декември 2018 |

Се скарал со сопругата, па со децата се фрлил од мост

most_1000x0

Жител на Њу Џерси вчера скокнал од мост држејќи ги в раце своите два сина кои имаат една и три години. Сите тројца паднале во шума, по што таткото загинал, а лекарите изјавиле дека децата иако се повредени, не се во животна опасност.

Полицијата соопштила дека околу 19 часот добила повик од жена која која рекла дека нејзиниот сопруг по жестока семејна расправија со неа, ги земал нивните деца и излегол од куќата заканувајќи се дека ќе ги повреди.

Полицијата по кратка потрага нашла автомобил оставен покрај патот, а потоа го нашле и телото на мажот како и повредените деца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top