| четврток, 6 декември 2018 |

Целта и планот на СЈО се СДСМ да доживее пораз со колку што е можно помала разлика

Планот на СЈО и на СДСМ за дискредитација на видни функционери на владејачката партија и нејзино претставување како злосторничко здружение веќе е готов и почнува со реализација.
Катица Јанева, која е во постојана комуникација и координација со Зоран Заев, како врска за контакт, најчесто користи колега кој е во кумска врска со човек близок до Заев, но поради итноста и чувствителноста на ситуацијата, остварила средба со првиот човек на СДСМ, на која ги договориле деталите на планот за кој пишувавме вчера. Зоран Заев ѝ порачал на Катица Јанева дека СДСМ нема избор и дека мора да се обидат преку штелувани ситуации да намалат барем малку од разликата на ВМРО-ДПМНЕ, односно да се обидат да дојдат до достоинствен пораз.

sjo katica janeva

Фрустираноста во СДСМ растела со приближувањето на изборите. Свесни дека ниту бомбите ниту платеничката револуција не дадоа резултат, и дека СДСМ не стои добро на анкетите и го чека убедлив пораз, па политичката кампања ќе ја водат преку инструментот СЈО, кој е последниот адут во раковот на Заев. Иако Заев и изборниот штаб на СДСМ глумат лажна еуфорија, на сите кои се разбираат во политика и барем малку го чувствуваат пулсот на народот, им е јасно дека оние со кои народот се подбива пред изборите, на 11 декември ќе бидат сурово казнети. За да биде уште побезизлезна ситуацијата на Заев, со што тој станува утше позависен од Јанева, а нејзината работа поургнетна, не се подбива само народот со немоќноста на СДСМ да излезе на изборите на 11 декември како достоен противник на ВМРО-ДПМНЕ, туку на неговата неспособност најмногу ѝ се потсмеваат отпишаните и партиски функционери од интелектуалниот слој на партијата, кои периодов се тргнати настрана и кои очајно чекаат Заев да изгуби за да почне размислувањето, но и процедурите, за нов лидер на партијата.
Имено, по неколкуте средби и комуникации што меѓусебно ги имале СДСМ и СЈО, договориле до 11 декември Специјалното јавно обвинителство да излезе со 13 до 16 барања за истраги и 6 обвиненија. Важна била бројката и тенденцијата што е можно повеќе луѓе од раководството на ВМРО-ДПМНЕ да се опфатат со нивните прес-конференции директно атакувајќи врз нивниот углед, употребувајќи политички етикети, а со цел да се влијае на нивниот кредибилитет. СДСМ и СЈО се насочени преку измислени аргументи да се скандализираат што е можно повеќе случаи. И да се направи штета и, доколку е можно, да се влијае на намалување на поддршката на ВМРО-ДПМНЕ.

Од она што било договорано, во игра било покренување обвинение за случајот за наводни изборни нерегуларности „Титаник“. Меѓу случаите за кои се работело забрзано од страна на СЈО за да се отпочне со истрага, а со тоа да се одржи и јавна прес-конференција на која ќе се настапува со политички квалификации, била набавката на новите возила „шкода“ во МВР.

skoda jeti avtomobili mvr

Исто така, забрзано се работело и на покренување истрага за изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица, каде што потписник од другата страна е токму Европската унија.
Ќе се продолжело и со лична дискредитација на Груевски, па така СЈО и СДСМ се договориле да отворат истрага и за набавка на службениот мерцедес за потребите на ВИП-гостите кој го поседува МВР и кој ги задоволува највисоките безбедносни стандарди.
Личен атак врз угледот се подготвувал и врз министерот за здравство и потпретседател на Владата, кој, исто така, е дел од истурената постава на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров. Немајќи здрава основа, СЈО почнало да собира податоци за изградбата на болницата во Охрид, главните наоди им се основале на чаршиски муабети, површни обвинувања, без никакви докази.

sobir narod

Дискредитацијата ќе продолжела и кон целото ВМРО-ДПМНЕ. Сигурно ќе атакуваат на сите носители на листите на ВМРО-ДПМНЕ, без разлика дали ги има во бомбите. Шефот на изборниот штаб, членовите на Извршниот комитет и пратеници за кои СДСМ ценело дека имаат доверба од народот и се авторитет меѓу партиската структура, министри и потпретседатели на Влада и сите за кои Зоран Заев ќе одлучел дека му сметале или се достоинствени и вредат меѓу народот, ќе бидат предмет на овој линч.
Освен тоа, ќе атакувале и на Минитсрството за надворешни работи, на бизнисмени кои сакаат да ѝ помогнат на Македонија, ќе ги уценуваат со бомбите, а нема да ги поштеделе ни партиските активисти на локално ниво, кои се познати и авторитетни во народот.
Во обид СЈО да ги претстави како злосторничко здружување, ќе ја испитувале легалната градба на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и имотот на партијата, како и приходите кои ги имала во минатото, иако сè е чисто и достапно на транспаретен начин.

Arheoloski muzej otvaranje (3)

Притисок СЈО ќе врши и врз медиумите. Очигледно е дека на СДСМ повторно му се виновни медиумите за слабиот рејтинг, па затоа истражителите на СЈО собирале информации и за работата на одредени новинари кои отворено ги критикуваат СДСМ и СЈО.
Иако градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, ја базираше целата своја изборна кампања дека ќе нашол еден куп незаконитости во „Скопје 2014“, и се увиди дека таму сѐ е чисто и не извади ниту еден незаконски детаљ, СЈО мака мачело да го проблематизира градењето на објектите и спомениците и доколку може да најде поврзување и прикажување злосторничко здружување за сите градби од проектот.

СЈО и СДСМ нема да го поштедат во политичката битка ниту ДУИ. Имено, на СДСМ отворено атакувајќи на албанските гласови со повиците за редифинирање на државата и вметнување на албанскиот јазик како втор службен јазик на територијата на целата држава, очигледно му смета ДУИ, а воедно сака да ја фавоиризира и БЕСА. Токму затоа СЈО се заангажирало да го испита и неуспешниот попис и доколку може, и тука да се скандализираат некои аспекти.

Експертите сметаат дека хајката што ја подготвуваат СЈО и СДСМ од Груевски ќе направи маченик и жртва, како што всушност и е. Тие се согласни дека заради ова партиско и деструктивно однесување на СЈО и СДСМ Груевски и ВМРО-ДПМНЕ во декември ќе остварат уште поголема победа.

Што е ако не е жртва човек за кого со години се организираат сценарија да го уништат, затоа што работи и ги штити народот и државата, а народот го поддржува – велат експертите.

Бројките покажуваат дека две и пол години СДСМ не мрдна од дното на анкетите. Анкетите укажуваат и на очајно слаби резултати од работата на СЈО и Катица, што јасно укажува дека граѓаните на СЈО гледаат како политички инструмент во рацете на СДСМ. Тоа се гледа и од анкетите на „Павел Шатев“ и на „Брима галуп“. Над две третини од граѓаните, поточно 60,9% ,имаат негативно мислење за специјалната обвинителка Катица Јанева. Точно 60% немаат никаква доверба во нејзината работа. Огромни 67,8 проценти од граѓаните сметаат дека обвиненијата на Катица Јанева и Специјалното обвинителство за одредени функционери на власта не се издржани и се политички мотивирани. 67,2 проценти, пак, сметаат дека СЈО и Катица вршат политички притисок врз власта.

anketa-katica-janeva
Од анкетата на „Брима галуп“ се гледа дека огромно мнозинство од 35,4% смета дека Катица Јанева е поблиска до СДСМ, а само 1% сметаат дека е поблиска до ВМРО-ДПМНЕ. 19,9% сметаат дека таа следи упатства и е под влијание на амбасадорите на САД и на ЕУ.
Анкетите не одат во корист на СДСМ и на Зоран Заев.

Во анкетата на „Павел Шатев“ направена во мај годинава на прашањето, пак, „Која партија би победила на следните парламентарни избори?“, 49,6 проценти од испитаниците одговориле ВМРО-ДПМНЕ, додека 20,2 проценти СДСМ. Споредено со претходна анкета која ја правеше Институтот „Павел Шатев“ врз ист репрезентативен примерок од 1.070 испитаници во периодот од 20 до 22 април, ВМРО-ДПМНЕ забележува раст на рејтингот од 0,1%, и истиот изнесувал 49,5%, додека поддршката на СДСМ паднала за 0,7%, и тогаш изнесувала 20,9%.

vmro-sdsm

Во анкетата, пак, на Институтот „Димитрија Чуповски“, направена во октомври годинава, 27,6 отсто од испитаните граѓани својот глас би го дале за ВМРО-ДПМНЕ, а само 16,1 проценти за СДСМ. Очигледно е дека владејачката партија има стабилна и убедлива предност пред опозициската СДСМ во пресрет на изборите на 11 декември.

anketa-2-1-2-dimitrija-cupovski-oktomvri-2016

40% од граѓаните веруваат дека ќе победи ВМРО-ДПМНЕ, додека верба во СДСМ имаат само 14,8% од испитаните граѓани.
Исто така, во анкетата на „Брима галуп“ направена во мај годинава ВМРО-ДПМНЕ има двојно поголема предност пред СДСМ. 39,6 отсто се изјасниле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, а 19,3 отсто за СДСМ.

ps11-chart-76b

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top