| четврток, 6 декември 2018 |

Концертот „Vive la France“ в петок во МОБ

Вo петок, 28 октомври, во Фоајето на МОБ ќе се одржи концерт насловен како „Vive la France“. Македонската опера и балет од почетокот на оваа сезона, во реновираните Салон и Фоаје на МОБ, продолжува со убавата практика, за настапи на наши и гости солисти, со свои рецитали и концерти.

На концертот ќе бидат изведени Бисери од француска оперска ризница. Ќе настапат првенците на Македонската опера и балет: Весна Ѓиновска-Илкова-сопран, Борис Трајанов-баритон и Ѓорѓи Цуцковски-тенор Ќе ги придружува оркестарот на Македонската опера и балет.

Концерт мајстор е Климент Тодороски, режисер, Дејан Прошев, а диригент, Бисера Чадловска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top