| четврток, 6 декември 2018 |

Халуцинирав од дрога, Јелисавета Сека Саблиќ отворено прозборе за својот живот

Јелисавета Сека Саблиќ е една од најдобрите и најдуховитите актерки од овие простори. Најголемите југословенски филмови не можеа да поминат без неа, многумина мислеа дека нејзиниот приватен живот е многу поинаков од оној на филмовите.

Сека Саблиќ пак ја шокираше својата публика кога призна дека пробала дрога. Имено, неодамна на едно снимање имало потреба да пуши марихуана(секако дека не било марихуана) и било поставено прашањето, дали некогаш пробала дрога. Актерката кажала дека во младоста пробала „остра” дрога од која имала халуцинации. Тоа ги изненадило сите кои многу ја ценат оваа актерка.

-Што е толку чудно? Тоа се глупости и будалаштини. Пробав од љубопитност. Некој се осуди во моите 70 и нешто години да ме коментира и да ме осудува дали се занимавам со дрога или не, а јас таа приказна ја сметам за анегдота. Не треба да се плива по ѓубре, тоа е се што имам да кажам, изјавила Сека на прашање на читатели на Блиц Пулс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top