Најдобриот шведски фудбалер во поновата историја, Златан Ибрахимовиќ иако одлично ја почна новата сезона во Манчестер Јунајтед, веќе неколку натпревари во низа е незабележителен и никако да успее да ја затресе противничката мрежа.
За некој фудбалски работници причината е слабата игра на тимот, а некои тврдат дека Швеѓанецот е во поодминати години. Во низата критики упатени кој Ибра се приклучи и некогашната ѕвезда на „црвените ѓаволи“ Гордон Меквин.
– Моментално Јунајтед е далеку од добар тим. Ибрахимовиќ е незабележителен и изгледа како старец кој игра фудбал. Залудно му се 50-те гола што ги даде минатата сезона во слабата француска лига. Нема шанси оваа сезона да стигне ни до 30. Не е на потребно ниво. И сакам да напоменам дека не е одбраната виновна за лошите резултати, туку целиот тим – вели Меквин.
Меквин цели седум години го носеше дресот на Јунајтед и тоа од 1978 до 1985 година. Играше на позицијата штопер, а со клубот има освоено два трофеи, ФА Куп и Супер куп во 1983 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.