Рeтко кој не сака да отвори и да ужива во едно добро шише вино, а она што не може да не се забележи е дека скоро сите шишиња имаат вдлабнатини на дното.
Уште кога почнале да се произведуваат првите шишиња за вино, било тешко да се направи шише со рамно дно кое ќе биде доволно стабилно, па производителите смислиле да прават вдлабнатина на дното која ќе ја намали стаклената површина.
Набрзо тоа станала традиција, па шишињата почнале да се произведуваат по ист принцип.
Исто така ова вдлабнување му овозможува на винскиот талог да стигне до рабовите на шишето што ја намалува веројатноста да дојде до вашата чаша. Уште една од причините за ова вдлабнување е тоа што го прави шишето да изгледа пополно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.