Повеќе од десет лица се повредени во денешната експлозија пред паркингот на Трговско-индустриската комора во турскиот град Анталија, јужна Турција, јавија турските медиуми.
Според телевизијата НТВ бројот на повредени луѓе е од 10 до 15. Експлозијата била слушната и во центарот на Анталија, а ги искршила прозорците на Трговскоиндустриската комора и оштетила шест до седум автомобили.
На местото на инцидентот се упатија голем број возила на брзата помош и на полицијата. Се уште не е позната причината за експлозијата.
Градоначалникот на Анталија, Мендерес Тјурек изјави дека е можно експлозијата да е несреќа и да не е терористички акт. Тој додаде дека ниту еден од десетината повредени лица не е во тешка зравствена состојба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.