| четврток, 6 декември 2018 |

Два часа седел сам во ресторан: Кога станал, келнерката рекла дека тој е одговорот на нејзините молитви

 

darezliviot

Непознат човек влегол во еден ресторант во сојузната држава Јута во САД. На вратата ја замолил хостесата да го седне на маса каде ќе го служи келнерка која е самохрана мајка. Кристал била единствената таква на смена, па домаќинката го седнала на една од нејзините маси. Човекот сам седел цели два часа, а кога станал и си заминал, келнерката која го служела занемела од среќа. По целата случка, хостесата која работи во ресторантот, на Фејсбук раскажала што се случило и му се обратила на човекот.

– Денес сретнав ангел. Дојде во ресторанот „Дени“ и замоли за маса на која служи самохрана мајка. Помалку необично барање, но сепак го седнав на една од масите на Кристал. Седеше таму два часа и ги гледаше другите гости. Додека беше тука, седум семејства влегоа и си заминаа, а тој ги плати сите нивни сметки. Даде повеќе од илјада долари за луѓе кои не ги познава. Го прашав – Зошто го правиш тоа, а тој ми одговори дека семејството е се, а тој своето го изгубил. По тие негови зборови се расплакав, но и заради болката која ја видов во неговите очи.

– Сакам да ти го кажам ова. Кристал живееше во дом за луѓе кои немаат живеалиште заедно со својот син. Твојата сметка беше 21 долар, а ти и остави бакшиш од 1 500 долари. Поради твојот гест, таа следната недела ќе се пресели во изнајмен стан. Ми рече дека претходната ноќ се молела за чудо, а изгледа дека Бог те пратил тебе. Си отиде пред да можеме да ти се заблагодариме, но се надевам дека оваа порака ќе стигне до тебе. Ти благодариме за се прекрасен човеку, напишала вработената во ресторанот на Фејсбук, а нејзината порака бргу се раширила на социјалните мрежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top