Сите петмина загинати при уривањето на мал авион утрово во Малта се Французи, соопштија воени извори на меѓународниот аеродром во оваа островска земја.
Авионот од типот „метролинер“ се урна веднаш по полетувањето од меѓународниот аеродром на пат кон либискиот град Мисрата. Несреќата се случила околу 7 часот и 30 минути, кога од се уште нејасни причини, леталото паднало и пламнало во оган.
Очевидци изјавиле дека виделе како пропелерот на авионот одеднаш се наведнал на десната страна и авионот почнал да паѓа.
Од Европската унија категорично ги демантираа информациите дека загинатите се припадници на европската гранична служба, Фронтекс, како што објавија дел од медиумите.
– Нема загинати функционери на Европската унија, напиша на твитер, шефицата за европската дипломатија, Фредерика Могерини.
И од Фронтекс соопштија дека меѓу жртвите нема членови на европската гранична агенција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.