Ноќва околу 03.10 часот од ЕИК Скопје било известено дека околу 00.20 часот во Скопје на ул.„376“, Ш.И. (49), В.Д. (25) и С.И. (43) биле нападнати со остри предмети од страна на Б.И. (43), Т.И. (34), С.Ш. (20) и уште едно засега непознато лице.
Истите биле пренесени во Ургентен центар Скопје каде им биле констатирани телесни повреди.
Бил извршен увид на местото на настанот, а подигнати биле траги од крв и еден нож за кој се претпоставува дека бил употребен при насилството.
Во ПС ОН Бит Пазар приведени биле Б.И., Т.И. и С.Ш. за расчистување на настанот. Причина за нападот било претходно меѓусебно нетрпение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


