Вчера околу 16.40 часот во Кочани, по завршување на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК „Брегалница“ и ФК „Пелистер“, кој се одиграл на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани, дошло до нарушување на јавниот ред и мир.
Автобус со навивачи на ФК „Пелистер“, кој бил на заминување, застанал после поминати околу 100 метри. Од истиот излегле околу 20-30 навивачи на ФК „Пелистер“ кои се упатиле кон паркирани автобус на ФК „Брегалница“ и кон граѓани кои биле присутни на натпреварот. Од страна на полициски службеници од ПС Кочани било интервенирано и спречени биле останатите навивачи да излезат од автобусот, но биле физички нападнати од поголем број на навивачи.
При интервенцијата со телесни повреди се здобиле шест полициски службеници и навивачи кои биле пренесени во Клинички центар Кочани за укажување на лекарска помош. За кратко време бил воспоставен Јавниот ред и мир, а навивачите со автобусот биле препратени до Штип.
Во врска со настанот биле приведени П.Д. (18), К.Д. (40), Д.З. (23), А.Л. (19) и Б.К. (38), сите од Битола. За настанот бил запознаен Јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Фото:илустрација
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


