| четврток, 6 декември 2018 |

Бомби на аеродромот во Белгград

Припаднците на Министерството за внатрешни работи на Србија рано утринава на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград за време на прегледувањето на поштата нашле десет училишни рачни бомби.

Најдена е и училишна противпешадиска мина без експлозивно полнење, се додава во соопштението на МВР.

За настанот е информирна надлежниот обвинител, а полицијата продолжува со истражување на случајот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top