Вклучувањето на инсекти во исхраната на луѓето не само што ќе помогне да се намали гладта, туку и ќе помогне во намалување на загаденоста во светот, се наведува во извештајот на ОН за земјоделство.
Бубачките, гасениците и осите можат да бидат додатоци во исхраната на милијарди луѓе ширум светот, а повеќе од 2 милијарди луѓе веќе ја „збогатуваат“ својата трпеза со инсекти кои може да се јадат.
– Еден од многуте начини да се реши проблемот со исхраната е недостатокот на храна е одгледувањето инсекти, пишува во извештајот.
Освен тоа, инсекти се наоѓаат на секаде, брзо се репродуцираат и растат и немаат преголемо влијание на природната околина.
Најголема препрека за масовно користење инсекти во исхраната е одбивноста која ја чувствуваат луѓето кон нив, особено во западните земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нобеловата награда за мир ќе остане во рацете на Аунг Сан Си Чи, нема да и се одземе и покрај извештајот на ОН
-
ОН повика да се поднесуваат пријави за кршење на човековите права во Македонија
-
Сите стават кеси со вода и пари над вратата, еве зошто…
-
Советот за безбедност при ОН усвои резолуција за 30-дневно примирје во Сирија