Според прогнозата на синоптичарите, во Скопје до среда не очекува сончево и топло време, со повремени периоди на облачност. Максималната температура ќе биде од 18 до 20 степени.
Нагло опаѓање на температурите и дестабилизирање на времето не очекува од четврток за кога се очекуваат обилни врнежи од дожд и максимална температура од 7 до 12 степени, а минималната ќе биде од 6 до 8 степени.
Постепено разведрување се очекува од наредниот викенд кога ќе има и благо покачување на температурата на воздухот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.