Македонскиот фудбалски репрезентативец Адис Јаховиќ беше двоен стрелец за својот тим Гезтепе во триумфот од 2-1 на домашен терен против Ескишехирспор. Тој беше најзаслужниот за пресвртот што го направи Гезтепе на овој меч.
Јаховиќ погоди во 35.минута за израмнување, откако Зенгин по само пет минути игра ги доведе гостите во водство. А македонскиот интернационалец победничкиот погодок го постигна во втората минута од судиското продолжение на овој дуел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Прегратка за добредојде: Македонскиот напаѓач го пречека Ето во Коњаспор (видео)
-
Искри на теренот на Фенербахче: Јаховиќ гради в гради со Шкртел, Демирел го фати Македонецот за врат (видео)
-
Јаховиќ бог во Турција: Во негова чест навивачите на Гецтепе на трибина со македонското знаме (ВИДЕО)
-
„Мајсторот“ погоди шест нерешени, промашениот пенал на Јаховиќ го чинеше 3.000 евра