„Кога вредните раце ќе се здружат, волонтерите во БиХ за еден ден засадија десетици илјади садници“. Со ваква голема медиумска поддршка, денеска во Босна и Херцеговина се спроведе голема волонтерска акција за садење на дрва. Организатори се две граѓански здруженија , а во пресрет им излегоа претпријатијата кои управуваат со шумите кои обезбедија садници, алат, стручен надзор, и локации на кои се садеше.
Акцијата за милион садници во еден ден е претставена како единствена прилика за вклучување на граѓаните во општествено корисна активност и јакнење на заедницата. Граѓани од сите старосни групи, се додава, одиграа важна улога и со работа за општо добро придонесоа за поубава и поздрава околина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.