Налудничавата забава на поединци да се облекуваат во кловнови и така облечени да се шетаат низ градовите, прво се појави во САД, а овој настран тренд во кој кловновите ги плашат и напаѓаат граѓаните стигна и во Хрватска. Во понеделникот вечерта, две деца, на возраст од 13 и 14 години, успеале да му побегнат на лице маскирано во кловн, кое се обидело да ги фати во една од улиците на Осиек.
Полицијата во овој случај се уште е немоќна, пренесе порталот Индех, хр. ,а како што соопшти портпаролот на полициската управа Осиечко-барањска, Даријо Премец, против таканаречените „Килер кловнови“ може да се поднесе единствено прекршочна пријава заради нарушување на јавниот ред и мир.
„Синоќа падна првиот кловн, го претепаа три типови на Сјенак“, се појави во четврток статус на страница на жителите на Осиек на „Фејсбук“. Наводниот ќотек за кловнот им се допадна на повеќе од 2.500 лица.
Иако во хрватската полиција немало пријава за настанот, Хрватите со поддршка на „Фејсбук“ покажаа колку им е преку глава од овие кловнови.
Се уште никој не знае зошто на улиците низ градовите во Европа и Америка со денови прогонуваат кловнови. Скокаат од грмушки, бркаат луѓе, плашат деца во училиштата, мавтаат со ножеви. За жал ова лудило стигна до Словенија, до Јесенице, па ни земјите јужно од неа очекуваат да се прелее лудилото и на нивна територија. Во моментов најкритично е во Хрватска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.