Налудничавата забава на поединци да се облекуваат во кловнови и така облечени да се шетаат низ градовите, прво се појави во САД, а овој настран тренд во кој кловновите ги плашат и напаѓаат граѓаните стигна и во Хрватска, па хрватската полиција ги повика граѓаните да им се јават доколку имаат какви било сознанија за оваа појава, јави ХРТ.
Во понеделникот вечерта, две деца, на возраст од 13 и 14 години, успеале да му побегнат на лице маскирано во кловн, кое се обидело да ги фати во една од улиците на Осиек.
Полицијата во овој случај се уште е немоќна, пренесе порталот Индех, хр. ,а како што соопшти портпаролот на полициската управа Осиечко-барањска, Даријо Премец, против таканаречените „Килер кловнови“ може да се поднесе единствено прекршочна пријава заради нарушување на јавниот ред и мир.
Кловнови се видени синоќа и во близина на основното училиште „Мокошица“, каде наводно на училишното игралиште поставиле кукла и децата ги уверувале дека е мртва.
Полицијата потврди дека на нивното подрачје навистина се појавиле две лица облечени во кловнови, и дека станува збор за деца помлади од 14 години.
По овој повод со соопштение се јави и полицијата, наведувајќи дека полициските службеници ја проверуваат секоја пријава.
Во соопштението се наведува дека полицијата при проверките утврдиае дека засега се евидентирани две такви дојави и тоа во Полициската управа Осиечко-барањска.
Со излегувањето на местото на настанот, полициските службеници не биле во можност нити да ја потврдат, нити да ја демантираат вистинитоста на овие дојави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.