| четврток, 6 декември 2018 |

Федерер во критична состојба по тешка сообраќајка

Тенисерот Роже Федерер е во тешка состојба по сообраќајната несреќа која се случила во Мадрид, јавија светски медиуми. Според нов, несреќата наводнос е случила во раните утрински часови кога 35-годишниот Швајцарец се враќал од забава. По несреќата бил префрлен во болница.

„Во многу сериозна состојба е во моментов, лекарите даваат се од себе за да го спасат“, пренесуваат светски медиуми изјава од нивни извор.

За среќа, веста која го вознемири светот, а особено неговите навивачи, е лажна.  Измамата ја откриле самите навивачи, кои откриваат дека фотографијата од наводното место на несреќата е всушност снимена пред две години во Сингапур.

Rodžer Federer, Foto: Printskrin

Единствено е точно дека Федере последниве денови е во Шпанија, а присуствуваше и на отворањето на тениската академија на Рафаел Надал.

View image on Twitter

Засега никој од тимот на Федерер не се јавил во врска со овој случај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top