| четврток, 6 декември 2018 |

Грција нема да ја врати драхмата

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле сака да ја „казни“ Грција отстранувајќи ја од еврозоната, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас во интервју за телевизијата Франс 24, пренесува БТА.

Тој во интервјуто ги негира наводите дека Атина планира да ја врати драхмата и оти било побарано Русија да ги печати драхмите.

Таквото тврдење потекна од францускиот претседател Франсоа Оланд, кој тврди дека информацијата ја добил од рускиот колега Владимир Путин.

Ципрас наведе и дека Грција е последниот бастион на стабилност во регионот и оти е време „кредиторите и Германија да ги исполнат обврските за грчкиот долг“ со цел да им се даде позитивен сигнал на пазарот и инцеститорите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top