| четврток, 6 декември 2018 |

За влакно го промашил залутан куршум

kursum caura

Скопјанец пријавил во полиција дека залутан куршум му ја разбил шофершајбната на автомобилот, а зрното за малку го промашило.

Тоа се случило вчера попладне околу 16.30 часот на улица Лазар Личеновски, на паркингот кај рекреативниот центар Кале. На скопјанецот од залутано зрно му била оштетена шофершајбната од неговиот „фолксваген голф“. Извршен е увид на местото на настанот, а се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top