Како и денеска, така и утре, кога почнува продолжениот викенд, дождот повторно ќе се дружи со нас.
Во Македонија попладне и навечер нестабилно време со локални врнежи од дожд, максималната дневна температура ќе достигне до 10, односно до 17 степени. В сабота умерено облачно време со сончеви периоди, попладне во северозападните, западните и југозападните предели нестабилно со локални врнежи од дожд и температура од 13 до 20 степени. В недела во Македонија умерено облачно време со сончеви периоди и идентична температура од 13 до 20 степени. В понеделник претежно сончево со локална облачност и потопло време со максимална температура што ќе достигне до 16, односно до 14 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.