| четврток, 6 декември 2018 |

Јанева изненади: решен случајот „Т’Глобал“ од проектот на Заев „Струмица 2008“

katica-na-sredba-so-han-860x680По директните шамар-пораки упатени лично од еврокомесарот Јоханес Хан, кој само ги пренесе ставовите на официјален Брисел, Катица Јанева доживеа невидена трансформација, пишува „А1 оф!“.

Последните информации од порталот, кој се повикува на портирот во СЈО кој зема 2.000 евра плата, Јанева по директива на „чадорот“ кој во небрано се солидаризирал со ЕУ, морала да направи каков-таков баланс во истрагите. Така, Катица се нашла во небрано, особено што уште пред Хан да дојде во Скопје, таа по партиска директива од Заев, го отворила „Топлик“ и „Транспортер.“ И двата случаја биле само спомнати во муабет во „бомбите“, но Катица ги базирала на сведоштвото на Боки Бургија, кој сонил криминал во нив и напишал 137 демек-колумни на оваа тема. Не можејќи да го прогласи за заштитен сведок, Јанева морала да го вработи во СЈО со плата од само 2.500 евра. Повеќе не можеле, му се правдала Фатиме на Боки Бургија.

Најдени во тесно со времето (им останувале само 5 месеци) и притиснати од „чадорот“, кој поради непослушноста на ЕУ морал да одглуми правичност, Јанева била ставена пред свршен чин, пренесе „Минус инфо“,  со задача од ридот во рок од два дена да поднесе обвинение за социјалдемократски криминал. Ленче, Фатиме и Бубевски до доцна во ноќта мислеле и мислеле за што да се фатат за да и учинат на Катица (Фатиме и Бубевски морале да размислуваат во посебни простории на СЈО од познати причини) ама ништо не смислиле, оти биле „скапаници“ и уморни од измислувањето случаи против ВМРО-ДПМНЕ, се пожалила Ленче на портирот.

Затоа, според веќе востановената школа во СДСМ, Катица морала да препише некое старо дело, како што и неинвентивната матична и’ партија постојано ја препишувала програмата и дејствувањето.

Еден ден по стартот на предизборната кампања на СЈО со случаите за „Скопје 2014-та“ и за „Сончев град“, со што Јанева ја обелодени програмата со која ќе настапат на изборите од 11-ти декември и ќе дадат силен придонес за СДСМ, Фатиме срамежливо излезе на прес конференција и со главата надолу и созли во очите го соопшти обвинението за случајот „Т’Глобал“ за мега-проектот на Заев  „Струмица 2008-ма.“

Во „Т’Глобал “на СЈО, Вицето се товари за тежок криминал со продавање семки и сончоглед вон пазарната цена, а Лефтер за непријавени 20 литри нафта во автобусите на „Тритерол“ кој го опслужувал „Глобал.“ За наведените дела, ги чека парична казна од неверојатни 300 евра, нешто слично како телохранителот на Заев кој истепа пола Струмичка младина по дискотеките за да заработи прекршочна пријава и 400 евра казна.

Со театрален настап, зад Фатиме ненајавено во нова чипка се појави Катица која со победоносен лик дообјасни дека ова е и првиот решен случај на СЈО. Имено, уште пред подигнувањето на обвинението – Вицето и Лефтер ги уплатиле тешките пари од предвидената глоба. Озарена и насмејана од уво до уво, Јанева без да чита мешајќи гевгелиски изјави:

„Значи, со това, решииме го првио случај на СЈО. Лефтер и Вице, значи, ни дадоа полн  легитимитет со воа значи. Значи да не не каљат оти не работеме ништо. И значи извинуваме му се на Заев за сите инсинуации шо го поврзаа со криминало, значи, у Струмица, значи: И значи, сега да ги видам сите оние шо збореа дека СЈО нема решено случај, значи. Нека, значи, пукнат од мака, значи! Ние сме најнезависна и најизбалансирана институција у свето значи. Значи, да, сме!“

Со силни овации од обвинителите, Боки Бургија, Грчев, Калајџиев, Панта, Нора, Јаневски и останатите вработени во СЈО, како и Мра, Љуми, Таско, Ирена Ристиќ, Борјан, Блажевска, Санта, Михајловски, Геро, Ацо и дузина други признати, независни уметници  и новинари во публика, Катица заминала со свитата кон својот дневен престој. 50-те метри до таму Шилегов (кој малку фаќал кривини од вискито) заедно со Муки со малиот пенис и новопечениот шарен пратеник Павле Богдановски патот и го постилале со латици од рози. Васиљ, во чест на дешавката, напишал песна, тешка поезија насловена како „Като мори, не душманке, туку светице“. Бени ја испејал, а Ориѓански ја напишал музиката. Победнички герила-перформанс на темата најавиле Сашо Тасевски и Владимир Лазовски, за што веќе аплицирале во УСАИД. Се претставиле како актери…

Последните анкети покажале дека со  разврската на „Т’Глобал“ Катица го вратила кредибилитетот кај 8,9 % од граѓаните, т.е. кај сдсмовците, бидејќи другите (иако мнозинство) за СЈО и СДСМ не биле „граѓани’ туку селани, стока и небитни, пренесе ексклузивно агенцијата „Рејтинг“ преку ТВ „Селма“ и анализа на „24 паравести.“ На FB на Kathy Jеanne осамна статусот: „Значи Катица се врати на сцената. Значи да, значи.“

olaf

Олаф од Фрозен

 

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Олаф од Фрозен

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top