Ноќва во 2.30 часот во полициската станица во Штип, И.М. (42) пријавил дека на ул. „Железничка“ во Штип во куќа сопственост на С.П. настанал пожар.
Од страна на УПС било излезено на местото на настанот, при што било костатирано дека целосно била изгорена една соба и од извршениот увид постојат основи на сомнение дека пожарот бил подметнат.
Поради болки во градите, С.П. бил хоспитализиран во Клиничката болница во Штип, каде што истиот ќе биде задржан на натамошно лекување.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.