| четврток, 6 декември 2018 |

ФФМ ќе се обиде да договори силен противник за сениорите, желбата е Шкотска, Норвешка или Турција

makedonska-reprezentacija

Македонската фудбалска репрезентација на 12 ноември ќе игра квалификациски натпревар со Шпанија во Гранада, а три дена подоцна ќе има тест на домашен терен.

Селекторот Игор Ангеловски сака да има уште една проверка на силите со квалитетна селекција, па ФФМ упати понуди за пријателски натпревар до Шкотска, Норвешка и до Турција. Во наредните денови се очекува и повратен одговор, по што ќе биде познат противникот со кој „црвено-жолтите“ ќе ги одмерат силите на 15 ноември во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top