Почина и совозачот во такси-возилото кое пред неколку дена се судри со полицаецот-мотоциклист кај Оровничка плажа.
39-годишниот охриѓанец им подлегна на повредите утрово во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ Охрид. Тој со такси-возило патувал од Охрид до Струга кога на 15 октомври вечерта се случи кобната несреќа кај Оровничка плажа.
Во сообраќајката почина и 26-годишниот полицаец Александар Стојаноски од селото Горенци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.