| четврток, 6 декември 2018 |

Јаковлевски: Нема маж што може да го растури ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ од де­нот на сво­е­то фор­ми­ра­ње до де­нес по­ви­ку­ва на единс­тво, са­мо проб­ле­мот е во тоа што не­ко­му не му од­го­ва­ра на­ше­то единс­тво и це­ло вре­ме се тру­ди да нѐ ис­по­ка­ра. Нив­на­та глав­на цел е рас­ка­рај, па вла­деј. За ма­ке­дон­ско на­ци­о­нал­но единс­тво се по­треб­ни по­све­те­ни по­ли­ти­ча­ри кои не­ма ка­ко ма­ли де­ца да тр­ча­ат се­кој ден по ам­ба­са­ди­те и да ги ко­до­шат сопс­тве­на­та др­жа­ва и на­род. Ако не се ме­ша ни­кој од над­вор, од стран­ци­те, мно­гу бр­зо ќе стиг­не­ме до цел­та, а тоа е ма­ке­дон­ско на­ци­о­нал­но единс­тво, ве­ли Ја­ков­лев­ски во ин­терв­ју за „Ре­пуб­ли­ка“

Гос­по­ди­не Ја­ков­лев­ски, ка­ко еден од ос­но­ва­чи­те на ВМРО-ДПМНЕ, сме­та­те ли де­ка пар­ти­ја­та во овие 25 го­ди­ни не­за­вис­ност ус­пеа да ги ис­пол­ни ос­нов­ни­те це­ли за ко­ја бе­ше фор­ми­ра­на во 1990 го­ди­на?

ЈА­КОВ­ЛЕВ­СКИ: Во 1990 го­ди­на, ко­га ја фор­ми­рав­ме пар­ти­ја­та, глав­на цел бе­ше да соз­да­де­ме са­мо­стој­на др­жа­ва со сопс­тве­на ар­ми­ја, по­ли­ци­ја, дип­ло­ма­ти­ја… си­те атри­бу­ти на ед­на др­жа­ва. Де­нес глав­на цел е еко­но­ми­ја­та, по­до­бру­ва­ње на стан­дар­дот на гра­ѓа­ни­те, отво­ра­ње но­ви ра­бот­ни ме­ста, а со тоа на­ма­лу­ва­ње на не­вра­бо­те­но­ста, за­чу­ву­ва­ње на име­то и иден­ти­те­тот на на­ша­та др­жа­ва. Има уште мно­гу ра­бо­ти што тре­ба да се по­до­брат, ме­ѓу­тоа со ка­ква опо­зи­ци­ја си има­ме ра­бо­та. Мис­лам да, глав­ни­те не­шта што то­гаш беа ве­те­ни, де­нес се ис­пол­не­ти. Ме­ѓу нас ве­ќе ги не­ма иде­о­ло­гот на ВМРО-ДПМНЕ, Дра­ган Бог­да­нов­ски, Ни­ко­ла Кљу­сев, Јор­дан Ми­јал­ков, Ко­ста­дин Ди­нев­ски-Дин­ка­та, Бо­рис Трај­ков­ски и мно­гу дру­ги кои го тра­си­раа па­тот по кој де­нес ние че­ко­ри­ме во са­мо­стој­на Ма­ке­до­ни­ја и за­ра­ди си­те нив и за­ра­ди не­ро­де­ни­те, мо­ра да про­дол­жи­ме да ја до­гра­ду­ва­ме Ма­ке­до­ни­ја. Тоа е на­ша по­све­те­ност и долж­ност. Ќе про­дол­жи­ме и по 11 де­кем­ври Ма­ке­до­ни­ја да би­де ус­пеш­на при­каз­на на Бал­ка­нот и по­ши­ро­ко во Евро­па. Тоа е на­ша­та за­лож­ба и ве уве­ру­вам де­ка во тоа ќе ус­пе­е­ме со ВМРО-ДПМНЕ на че­ло на ид­на­та вла­да.

 

Ве­чен стре­меж на ВМРО е по­стиг­ну­ва­ње ма­ке­дон­ско на­ци­о­нал­но единс­тво, но од пам­ти­век до де­нес Ма­ке­до­ни­ја најм­но­гу стра­да од сво­и­те че­да. Мож­но ли е Ма­ке­дон­ци­те да го над­ми­нат син­дро­мот на са­мо­у­ни­шту­ва­ње и ко­неч­но да се обе­ди­нат за нај­важ­ни­те на­ци­о­нал­ни пра­ша­ња или ко­до­шки­от мен­та­ли­тет и пре­дав­ни­ци­те на ка­у­за­та е не­воз­мож­но да се иско­ре­нат?

ЈА­КОВ­ЛЕВ­СКИ: ВМРО-ДПМНЕ од де­нот на сво­е­то фор­ми­ра­ње до де­нес по­ви­ку­ва на единс­тво, са­мо проб­ле­мот е во тоа што не­ко­му не му од­го­ва­ра на­ше­то единс­тво и це­ло вре­ме се тру­ди да нѐ ис­по­ка­ра. Нив­на­та глав­на цел е рас­ка­рај, па вла­деј. За ма­ке­дон­ско на­ци­о­нал­но единс­тво се по­треб­ни по­све­те­ни по­ли­ти­ча­ри, кои не­ма ка­ко ма­ли де­ца да тр­ча­ат се­кој ден по ам­ба­са­ди­те и да ги ко­­до­шат сопс­тве­на­та др­жа­ва и на­род. Ако не се ме­ша ни­кој од над­вор, од стран­ци­те, мно­гу бр­зо ќе стиг­не­ме до цел­та, а тоа е ма­ке­дон­ско на­ци­о­нал­но единс­тво.

mane-jakovlevski-int216-2

Во Ва­ши­от го­вор на па­нел-ди­ску­си­ја­та ор­га­ни­зи­ра­на од ВМРО-ДПМНЕ ка­жа­вте де­ка ВМРО-ДПМНЕ не е са­мо пар­ти­ја, ВМРО-ДПМНЕ е иде­о­ло­ги­ја. Да­ли стра­ву­ва­те де­ка со оби­ди­те за рас­ту­ра­ње на пар­ти­ја­та не­кој са­ка да ја уни­шти ток­му иде­о­ло­ги­ја­та за ма­ке­дон­ски­от не­по­кор?

ЈА­КОВ­ЛЕВ­СКИ: ВМРО е пар­ти­ја про­из­ле­зе­на од на­ро­дот и за­тоа е на­род­на пар­ти­ја, а на­ро­дот ја пре­поз­на цел­та де­ка пар­ти­ја­та се бо­ри за си­те ка­те­го­рии во др­жа­ва­та: не­вра­бо­те­ни, со­ци­јал­но­ран­ли­ви, пен­зи­о­не­ри, зем­јо­дел­ци… Не­ма та­ков ро­ден маж, та­ков по­ли­ти­чар што мо­же да ја рас­ту­ри ВМРО-ДПМНЕ иа­ко не­кој це­ло вре­ме се тру­ди да го на­пра­ви тоа. Ако тоа не му ус­пеа на Љуб­чо Ге­ор­ги­ев­ски, не­ма да му ус­пее на ни­кој друг.

ВМРО-ДПМНЕ е бра­ни­тел на ма­ке­дон­ски­от иден­ти­тет и та­ква ќе оста­не.

 

Во исто­то обра­ќа­ње, на са­мо­прог­ла­се­ни­те спа­су­ва­чи им по­ра­ча­вте да не се игра­ат со Ма­ке­до­ни­ја и со ВМРО-ДПМНЕ, да се­дат по­да­ле­ку за да не се из­го­рат. Сме­та­те ли де­ка За­ев и СДСМ ќе ја при­фа­тат зас­лу­же­на­та каз­на од на­ро­дот на де­мо­крат­ски на­чин, без на­сил­ни сце­на­ри­ја?

ЈА­КОВ­ЛЕВ­СКИ: ВМРО е по­ве­ќе од пар­ти­ја, ВМРО е иде­о­ло­ги­ја, ВМРО е бра­­ни­тел – бе­ше и та­ка мо­ра да про­дол­жи. За­тоа, ние, ос­но­ва­чи­те, ве­­те­ра­ни­те на ВМРО-ДПМНЕ по­ра­чав­ме: Пре­т­­­се­да­те­лот Ни­ко­ла да про­дол­жи хра­бро да ги во­ди ВМРО-ДПМНЕ и Вла­да­та во на­ша­та др­жа­ва. А, са­мо­прог­ла­се­ни­те спа­су­ва­чи да не се игра­ат со Ма­ке­до­ни­ја и со ВМРО-ДПМНЕ. „По­да­ле­ку од пар­ти­ја­та за да не се из­го­ри­те“. Ни­кој не ги по­ви­кал да ја спа­су­ва­ат ВМРО. Од 1990 го­ди­на до де­нес, СДСМ са­мо ед­наш бе­ше по­бед­ник на не­по­сред­ни из­бо­ри и, освен ин­три­ги, ста­ро­то ра­ко­водс­тво не по­ка­жа ни­ка­кви ква­ли­те­ти до­де­ка бе­ше на власт. На­про­тив, оваа пар­ти­ја но­си ви­на за ло­ша­та тран­зи­ци­ја во ко­ја над 200.000 лу­ѓе оста­наа без ра­бо­та, по­тоа за да­де­ни­те ма­ке­дон­ски др­жав­јанс­тва на 150.000 Ко­сов­ци во Ма­ке­до­ни­ја, со што се про­ме­ни ет­нич­ка­та стру­кту­ра, за не­среќ­на­та ре­фе­рен­ца БЈРМ, за про­ме­на на зна­ме­то, за ло­ша­та те­ри­то­ри­јал­на по­дел­ба и за што ли уште не. Со сво­е­то не­др­жав­нич­ко од­не­су­ва­ње, тие це­ло вре­ме ја за­гро­зу­ваа ста­бил­но­ста на Ма­ке­до­ни­ја.

Де­неш­но­то ра­ко­водс­тво на СДСМ по­ка­жу­ва де­ка не изв­лек­ло по­у­ки од ми­на­то­то. По по­ве­ќе­крат­ни­те по­ра­зи на ло­кал­ни­те, пре­тсе­да­тел­ски­те и на пар­ла­мен­тар­ни­те из­бо­ри, на­ме­сто да дој­де до про­ме­ни на по­ли­ти­ки­те кои ги ба­ра но­во­то вре­ме, а тоа зна­чи ос­твар­ли­ви про­гра­ми кои ќе го приб­ли­жат до на­ро­дот, тоа сѐ уште се слу­жи со ста­ри­те ме­то­ди на ин­три­ги, уце­ни, за­ка­ни, зап­ла­шу­ва­ње на јав­но­ста со вој­ни, не­ми­ри и де­ста­би­ли­за­ци­ја на др­жа­ва­та.

Де­нес, ко­га СДСМ ја втур­на на­ша­та зем­ја во по­ли­тич­ка кри­за, под­др­жа­на и кон­стру­и­ра­на од над­вор, се по­ја­ви­ја и не­кол­ку на­ши би­вши по­ли­ти­кан­ти за да ја „спа­су­ва­ат“ ВМРО-ДПМНЕ. Не­ви­де­на др­скост или на­ив­ност. По­точ­но глу­пост, пу­ста жел­ба и лич­ни ин­те­ре­си на по­е­дин­ци за по­втор­но да до­би­јат не­ка­ква ви­со­ка пар­ти­ска или др­жав­на функ­ци­ја или, пак, мо­же­би се ра­бо­ти за ве­ту­ва­ња мно­гу по­го­ле­ми од функ­ци­ја? На мно­гу­ми­на ве­ќе им е јас­на нив­на­та уло­га во ова сце­на­рио што до­ма го спро­ве­ду­ва ли­де­рот на СДСМ, Зо­ран За­ев. Но, не е јас­но од ко­го тие „спа­су­ва­чи­те“ тре­ба да ја спа­су­ва­ат пар­ти­ја­та? Да­ли тие ќе ја спа­су­ва­ат од нас, ос­но­ва­чи­те, ве­те­ра­ни­те, од по­ве­ќе од 200 ил­ја­ди чле­но­ви, од сим­па­ти­зе­ри­те, од на­ро­дот кој де­сет го­ди­ни гла­са за ВМРО? Од ко­го са­ка­ат да ја спа­су­ва­ат? Не е лес­но да се се­ди на стра­на и да се гле­да ка­ко не­кој се­којд­нев­но ја ко­до­ши сопс­тве­на­та др­жа­ва и на­род по стран­ски­те ам­ба­са­ди, да ја ша­ра на­ша­та др­жа­ва, да го уни­шту­ва тоа што вла­да­та на ВМРО го из­гра­ди. Ме­сто да си ги сре­ду­ва­ат сопс­тве­ни­те пар­тии, це­ло вре­ме се пре­о­ку­пи­ра­ни со нас, де­мек ка­ко тре­ба­ло ние да ја во­ди­ме пар­ти­ја­та, а си има­ат сопс­тве­ни пар­тии.

Зна­е­те што, на­ши­те чле­но­ви се бес­ни зо­што тол­ку се то­ле­ри­ра­ат овие ша­ре­ни ре­во­лу­ции, те­па­ње по­ли­цај­ци, оште­ту­ва­ње на др­жав­ни­те об­је­кти, тр­пе­ни­е­то на на­ши­те чле­но­ви, пред сѐ тр­пе­ни­е­то на ве­те­ра­ни­те на ВМРО, бе­ше при крај, ме­ѓу­тоа се­дев­ме мир­ни по­ра­ди ед­на и единс­тве­на при­чи­на: да не се ис­по­те­па­ме ме­ѓу се­бе.

mane-jakovlevski-int216-3

Ги по­ви­ка­вте си­те во Ма­ке­до­ни­ја и во ди­јас­по­ра­та на 11 де­кем­ври да из­ле­зат ма­сов­но на гла­са­ње и да го да­дат сво­јот глас за, ка­ко што ве­ли­те, га­ран­тот за ус­пеш­на Ма­ке­до­ни­ја – ВМРО-ДПМНЕ. Сме­та­те ли де­ка овие из­бо­ри има­ат по­себ­но зна­че­ње?

ЈА­КОВ­ЛЕВ­СКИ: Ги по­ви­кав си­те во Ма­ке­до­ни­ја, и на­ши­те бра­ќа и се­стри во ди­јас­по­ра­та, на 11 де­кем­ври да из­ле­зат ма­сов­но на гла­са­ње, да го да­дат сво­јот глас за га­ран­тот за ус­пеш­на Ма­ке­до­ни­ја – ВМРО-ДПМНЕ, а ве­чер­та си­те на пло­шта­ди­те во Ма­ке­до­ни­ја и во ди­јас­по­ра­та да ја прос­ла­ви­ме де­сет­та­та по­бе­да за Ма­ке­до­ни­ја. Си­те гра­ѓа­ни во Ма­ке­до­ни­ја и ди­јас­по­ра­та ве­ќе ја пре­поз­наа ан­га­жи­ра­но­ста на пар­ти­ја­та де­ка ра­бо­ти на по­до­бру­ва­ње на стан­дар­ди­те во Ма­ке­до­ни­ја. Иск­лу­чи­тел­но е важ­но да про­дол­жат овие ан­гаж­ма­ни на ра­ко­водс­тво­то на пар­ти­ја­та и во­оп­што Вла­да­та на РМ да про­дол­жи да ра­бо­ти за Ма­ке­до­ни­ја. Ако во 1990 го­ди­на глав­на за­да­ча бе­ше са­мо­стој­на др­жа­ва, де­нес глав­на цел е да се гра­дат па­ти­шта, же­лез­ни­ци, бол­ни­ци, игра­ли­шта… што и се гле­да – ра­бо­ти­те одат на по­до­бро иа­ко во те­шки ус­ло­ви. Убе­ден сум, тоа мо­же да се ре­а­ли­зи­ра са­мо и единс­тве­но со Ни­ко­ла Гру­ев­ски на че­ло. Тој е га­ран­тот за ус­пеш­на Ма­ке­до­ни­ја, тој е чо­век од збор, ве­ту­ва и ис­пол­ну­ва. За­тоа, убе­ден сум де­ка пре­тсе­да­те­лот Гру­ев­ски со ко­а­ли­ци­ја­та пред­во­де­на од ВМРО-ДПМНЕ на из­бо­ри­те на 11 де­кем­ври ќе би­де на­гра­ден од гла­са­чи­те ка­ко ни­ко­гаш до­се­га.

 

Во име на ВМРО-ДПМНЕ во пос­лед­но вре­ме се оби­ду­ва­ат да збо­ру­ва­ат и не­кол­ку­ми­на по­ра­неш­ни чле­но­ви на пар­ти­ја­та, кои, пак, отво­ре­но вле­гоа во со­јуз со Зо­ран За­ев и со СДСМ. Исти­те тие на прет­стој­ни­те из­бо­ри нај­а­ву­ва­ат не­ка­ков де­сен опо­зи­ци­ски блок. Мо­же ли во нив да се пре­поз­нае искре­ност ко­га збо­ру­ва­ат за иде­а­ли­те на ВМРО или, пак, во нив­но­то дејс­тву­ва­ње се крие не­што дру­го?

ЈА­КОВ­ЛЕВ­СКИ: Ако би­ле вле­зе­ни во ВМРО за­ра­ди иде­о­ло­ги­ја­та, не­ма­ше да ја на­пу­штат пар­ти­ја­та. Тие, нај­ве­ро­јат­но, ја згре­ши­ле пар­ти­ја­та или не се ис­пол­не­ти нив­ни­те лич­ни ам­би­ции и за­тоа си ба­ра­ат но­ви друш­тва, од­нос­но ќе пра­ват ко­а­ли­ци­ја со тој што им е поб­ли­зок до нив­на­та иде­о­ло­ги­ја.

И по­крај мо­и­те на­ста­пи во кои сум го спом­ну­вал Љуб­чо Ге­ор­ги­ев­ски во не­га­тив­на ко­но­та­ци­ја, но за точ­но опре­де­ле­ни пра­ша­ња, од оваа ди­стан­ца, не ос­по­ру­вај­ќи го зна­че­ње­то на не­го­ва­та лич­ност ко­га го­во­ри­ме за пер­и­о­дот на бор­ба­та за оса­мо­сто­ју­ва­ње­то на Ма­ке­до­ни­ја, ја ко­ри­стам оваа при­го­да за јав­но да го по­ви­кам да се вра­ти та­му ка­де што му е ме­сто­то. А поз­на­вај­ќи го, не се сом­не­вам де­ка ќе на­сед­не на про­во­ка­ци­и­те на не­ма­ке­дон­ски­те еле­мен­ти во на­ша­та зем­ја и раз­не­би­ту­ва­ње­то на сѐ во ко­е­што за­ед­но сме се кол­не­ле – Ма­ке­до­ни­ја на Ма­ке­дон­ци­те.

mane-jakovlevski-int216-4

Кои се по­у­ки­те што ВМРО-ДПМНЕ и Ма­ке­до­ни­ја ќе тре­ба да ги изв­ле­чат по за­вр­шу­ва­ње­то на оваа кри­за?

ЈА­КОВ­ЛЕВ­СКИ: Де­нес, ко­га има­ме сво­ја ма­ке­дон­ска др­жа­ва, да не ги пра­ви­ме исти­те гре­шки од ми­на­то­то, да не се де­ли­ме, да се бо­ри­ме за ма­ке­дон­ско­то на­ци­о­нал­но единс­тво, да ја про­дол­жи­ме иде­о­ло­ги­ја­та на ВМРО, иде­о­ло­ги­ја­та ко­ја ја спо­де­лу­вав­ме во де­ве­де­сет­ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век, иде­о­ло­ги­ја­та за ко­ја ил­јад­ни­ци Ма­ке­дон­ци го да­ле сво­јот жи­вот. Ма­ке­дон­ско­то на­ци­о­нал­но единс­тво е по­треб­но ка­ко леб на­су­шен во овие, би ре­кол, тур­бу­лент­ни вре­ми­ња ко­га се слу­чу­ва­ат круп­ни про­ме­ни во све­тот. Гру­ев­ски, нај­по­све­те­ни­от по­ли­ти­чар кој ра­бо­ти за Ма­ке­до­ни­ја, на овие из­бо­ри зас­лу­же­но ќе ја до­бие до­вер­ба­та од на­ро­дот. До­би­е­на­та до­вер­ба исто­вре­ме­но е и об­вр­ска, да се про­дол­жи со ре­а­ли­зи­ра­ње на ве­те­но­то, всуш­ност тоа е тоа што Ни­ко­ла Гру­ев­ски це­ло вре­ме го ис­пол­ну­ва, ве­те­но­то да се ре­а­ли­зи­ра. Да се ра­бо­ти за Ма­ке­до­ни­ја е од­го­вор­ност, од­го­вор­ност на ил­јад­ни­ци кои се бо­ре­ле, а го­лем дел го да­ле жи­во­тот за Ма­ке­до­ни­ја, тоа е од­го­вор­ност и кон ид­ни­те на­ши по­ко­ле­ни­ја. Пар­ти­и­те се фор­ми­ра­ат да ра­бо­та­ат во ин­те­рес за Ма­ке­до­ни­ја, а не за свој ли­чен ин­те­рес. Кој се на­фа­тил да во­ди по­ли­ти­ка, се­ко­гаш тре­ба на пр­во ме­сто да го гле­да ин­те­ре­сот на гра­ѓа­ни­те и на Ма­ке­до­ни­ја, а не лич­ни­от ин­те­рес, кој е за­мо­рен – не­ка кр­ши гла­ва, над­вор од по­ли­ти­ка­та. Ма­ке­до­ни­ја и овој пат ќе из­ле­зе од кри­за­та, но мно­гу по­сил­на и по­о­бе­ди­не­та, пред­во­де­на од ВМРО ДПМНЕ.

На си­те, Ма­ке­до­ни­ја тре­ба да ни би­де над сѐ!

 

Разговараше: Нeнад Мирчевски
Фото: Александар Ивановски
(Интервјуто со Мане Јаковлевски е објавено во 216. број на неделникот Република, 21.10.2016)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top