И на овие избори на 11 декември, ВМРО-ДПМНЕ ќе издејствува најголемата победа досега. Ќе издејствуваме да добиеме најмалку 63 пратеници за да продолжиме со сето она што ќе го реализираме во рамки на најобемната програма која ќе ја има ВМРО-ДПМНЕ за овие избори, огромен број на проекти во сите сегменти, истакна денес Елизабета Канческа-Милевска која оствари средба со жителите на скопско Драчево.
-Конечно заврши кризата која беше предизвикана од деструктивното работење на СДСМ, криза која нанесе огромна штета, за граѓаните, за нашиот суверенитет и интегритет и за стабилноста на државата. Нема да дозволиме да се наруши интегритетот и суверенитетот на Република Македонија, посочи Канческа- Милевска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.