| четврток, 6 декември 2018 |

„Тупави, необразовани и ништо не ги интересира“- Сергеј Трифуновиќ за младите колеги

Популарниот актер, Сергеј Трифуновиќ во интервју за српските медиуми ги критикуваше младите колеги. На прашање воопшто е разликата меѓу денешната генерација актери и старите великани, тој веднаш одговори:

– Многу се разликуваме. Прво, мојата генерација има домашно воспитување, а тоа многумина од денешните глумци го немаат. Порано многу се читаше, многу работи ги интересираше. А ги гледам денес своите млади колеги и фасциниран сум колкав број од нив се необразовани, колку се тоа онакви луѓе кои ништо не ги интересира. Не читаат книги, немаат поим- опишува Трифуновиќ.

44-годишниот актер на крајот заклучи дека воопшто не му е јасно како некој кој нема образование може да се занимава со актерство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top