Основниот суд Скопје 1 – Скопје денеска издаде нова наредба до „Ериксон телекомуникации“ да овозможат пристап до нивната опрема и да ги обезбедат податоците кои ги бара СЈО, со што практично и судијата што ја издаде вчерашната наредба и Катица Јанева јавно признаваат дека само правеле политички театар непознавајќи ја фактичката состојба, без воопшто да се подготват за предметот.
Неофицијално, „Курир“ дознава дека утринава од страна на „Ериксон Скопје“ било одговорено дека нивните локални инженери немаат капацитет да одговорат на барањето и дека е пожелно да се почека експерт од Шведска, кој би можел да им излезе во пресрет без да направи штета на целиот систем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.