Воопшто не е случајно што Катица Јанева и нејзиниот циркуски тим составен од обвинители, а поддржан од криминалците на техничкиот министер Оливер Спасовски поставени на позиции во МВР, под директива на аболираниот Зоран Заев, го отвора случајот „Тендери“ само три дена пред големиот државен празник 23 Октомври, Ден на македонската револуционерна борба, односно една недела по прес-конференцијата на Петре Шилегов одржана пред Музејот на македонската борба, на која обвини дека од музејот се избришани создавањето на македонска народноослободителна војска, Февруарскиот поход, првите органи на народната власт.
Иако според законот предистражните и истражни постапки се тајни, Специјалното јавно обвинителство не ги почитува законите и прави медиумски циркус од постапките кои ги води. Опозициските медиуми кои работат под диригентската палка на СДСМ и Сорос секогаш се пред времето и објавуваат детали за случаите на СЈО уште пред Катица Јанева да одржи прес-конференција.
Распитите во СЈО не поминуваат незабележано, но секогаш ги забележуваат истите камери – опозициските, а целта им е да ги дискредитираат членовите на владејачката партија, да ги обвинат пред да се докаже нивната вина или да направат телевизиски ѕвезди од Жерновски, Катица Јанева и нејзините кловнови и сл.
Во членот 289 јасно е наведено дека „Сите дејствија преземени во предистражна постапка од страна на јавниот обвинител или полицијата се сметаат за тајна“.
И членот 299 повикува на тајност и во истражната постапка.
И како да не доволно што работи во координација со соросоидните медиуми, СЈО почна да го корсти и портпаролот на СДСМ како претходница, која треба да најави што ѝ дала партијата на Катица да сработи.
-Оваа зграда не е Музеј на македонската борба за државност! Во оваа зграда антифашистите се претставени како крвници, а фашистите и нивните соработници како жртви на комунизмот. Во оваа зграда нацистичкиот слуга Ванчо Михајлов е претставен како херој, а се негираат вистинските херои од НОБ пожртвувано се бореа и се изборија за слобода и држава со име Македонија. Во овој музеј нема место ни за клучните политички фигури кои се изборија без капка крв за самостојна Република Македонија! Во името на сите комити, партизани и политичари кои се бореа, се изборија и ја изградија македонската држава, во името на правдата, во името на вистинската историја на Македонија, ветуваме дека по 11 декември ќе го ослободиме партискиот музеј на обвинетиот Никола Груевски од лажните херои и од лажната историја, се закани Шилегов на 12 октомври пред зградата на музејот.
Една недела подоцна, обвинителките Ристоска и Фетаи го обелоденија случајот „Тендери“, во кој се осомничени 4 лица вработени во Министерството за култура, а првоосомничена е раководно лице во министерството, а тројца се членови на Комисијата за јавни набавки.
Јасно е како ден дека избирајќи го празникот Ден на македонската револуционерка борба, кој народот го вика Ден на ВМРО, бидејќи празникот се празнува по повод основањето на Македонската револуционерна организација во Солун на 23 октомври 1893 година, СЈО, во служба на спроведувач на мраните сценарија на СДСМ, директно удира врз државноста и национата гордост на Македонците, врз нивната национална припадност и националното минато. Ова е уште една потврда на фактот дека СЈО одработува за СДСМ. Овојпат во рамките на предзборната кампања на СДСМ ја спроведува антимакедонската агенда за редефинирање на државата, нејзина федерализација и воведување двојазичност.
Исто така, со реализирање на политичката хајка што ја води против ВМРО-ДПМНЕ, СЈО се обидува да ја поистовети со владејачката партија со некогашната револуционерна организација и да создаде лажна слика кај народот, односно да го убеди дека Музејот на македонската борба за државност и самостојност не им припаѓа на сите граѓани подеднакво туку е ексклузивитет кој ги содржи симболите на владејачката партија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.