| четврток, 6 декември 2018 |

Рајан Ричард ќе ја пополнува празнината под кошевите на Карпош Соколи

rajan-richards

Британскиот кошаркарски интернационалец, Рајан Ричардс (25 год, 211 см.) е нов член на екипата на Карпош Соколи, објави клубот кој оваа сезона има дебитански настапи и во АБА – лигата. Токму убедливите порази придонесоа за половичен ремонт на тимот.

Британецот, кој игра на позицијата крилен центар, но кој по потреба може да биде и класична „петка“. Негов последен клуб е Ал Ахли од Бахреин, а во досегашната интернационална кариера, која ја почна на 18 години во белгиски Монс, има променето поголем број клубови. Претходно настапувал и за Гран Канарија (Шпанија), Монтеј, Лугано (Швајцарија), Ал Наср (ОАЕ), Икарос (Грција), Керменд (Унгарија), Азад Техеран, Шардари Горган (Иран), Сагесе (Либан), Гуанкси ринос (Кина) и Цептер Виена (Австрија).

Ричардс доаѓа на местото на Американецот Ламонт Мек, кој неодамна беше отпуштен поради лошите игри, но и проблематичното однесување. Тој дебито во дресот на Карпош Соколи ќе го има веќе в недела, кога Карпош Соколи во „Јане Сандански“ ќе му гостува на МЗТ Скопје Аеродром во македонскиот дуел од АБА-лигата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top