| четврток, 6 декември 2018 |

Премиера на „Силјан Штркот шанца“ во МНТ (фотогалерија)

Со оваа претстава почнува проектот „Театар за секое дете“, со поднаслов „лектирен театар“, најави Тони Михајловски, уметнички директор на МНТ

Вечерва на малата сцена (20 часот) на Македонскиот народен театар (МНТ) е закажана премиера на претставата „Силјан Штркот шанца“ од Дејан Дуковски, а во режија на Срѓан Јанаќијевиќ.

– „Силјан штркот шанца“ не е детска претстава, туку претстава за младинци и за родители што не пораснале – вели режисерот Јанаќијевиќ.

14729220_1286515001382258_5427249876560932348_n

– Овој текст на мојот драг пријател и соработник Дејан Дуковски првпат е поставен во 1991 година и тогаш јас бев соработник на режисерот. Во таа претстава играа Драган Спасов Дац, Игор Чамбазов, Анче Џамбазова и други. Оттогаш ми остана во глава. „Силјан штркот“ за мене е македонска верзија на Петар Пан. Верувам во театар на синергија, а не во театар на заповеди и затоа велам дека ова е заеднички производ на сите инволвирани во проектот – вели режисерот Јанаќијевиќ.

14657415_1286515008048924_7014919560804667737_n

Сценографката и костимографката Илина Ангеловска признава дека не било лесно да се склопи целата приказна.

– Ова е меѓу детска претстава и кабаре. Во неа користев минимум модерна естетика. Се трудев да ја сочувам естетиката на македонскиот фолклор. Во претставата имаме рокенрол бенд со кој ја следиме македонската народна приказна – вели Ангеловска.

14695367_1286515438048881_6754152029251730142_n

Улогите во претставата ги толкуваат: Александар Михајловски, Нино Леви, Марија Новак, Магдалена Ризова, Ивица Димитријевиќ, Нина Деан, Александар Ѓорѓиевски, Славиша Кајевски, Висар Вишка, Кире Ѓореввски, Ана Стојановска, Тина Трпковска и Никола Ацевски. Сценограф и костимограф е Илина Ангеловска, а кореограф е Александра Кочовска-Начева.

14724420_1286515004715591_3961208352123616585_n

Бендот кој пее во живо во претставата е ВИС Погани штркови feat. Кокошките од пеколот и го сочинуваат Ивица Димитријевиќ (соло гитара и вокал), Александар Ѓорѓиевски (бас гитара), Ташко Груевски (бас гитара), Никола Кимовски (удиралки).

За Александар Михајловски, кој ја толкува улогата на Силјан, ова е прва голема главна улога.

– Светот на Силјан е магичен, волшебен и многу суров, каков што е всушност и светот во кој живееме – вели Михајловски.

Нино Леви, кој го толкува ликов на Божин смета дека „Силјан штркот шанца“ е новата хит-претстава на МНТ.

14702226_1286515241382234_6268126540710262357_n

– Никогаш во живот не ми било толку забавно како сега, додека ја работевме претстава – заврши Јанаќијевиќ.

Со оваа претстава почнува проектот „Театар за секое дете“, со поднаслов „лектирен театар“, најави Тони Михајловски, уметнички директор на МНТ.

– Не му се мешаме во работата на Театарот за деца и младинци (ТДМ), тие си имаат свој репертоар. Со овој проект сакаме децата да научат што е театар, што е уметност и ако 30 отсто од децата ги научиме да одат в театар и да го засакаат, тогаш ние сме ја исполниле нашата мисија. Ќе бидат поставувани лектири, кои се обработуваат во основното и во средното образование – рече Михајловски.

14611136_1286515421382216_4994339962105796006_n

Планирано е претставите да се играат на малата сцена на МНТ. Михајловски веќе ја најави и следната претстава која ќе се работи, тоа е „Аладин“ во режија на Бојан Трифуновски.

14716224_1286515334715558_4753583520110457685_n

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top