Популарната „плејбој зајчица“, Кејти Меј, почина на 34-годишна возраст по терапија кај киропрактичар, кој ѝ ја повредил вратната артерија и ѝ го прекинал дотокот на крв во мозокот.
Кејти во февруари на едно снимање во Лос Анџелес го повреди вратот, но терапијата што ѝ ја препорачал лекарот не ѝ била од помош и болката не се смирувала, па на крај таа решила да побара помош од киропрактичар. Но, наместо помош, Кејти доби „смртна пресуда“, пренесува „ТМЗ“.
Според извештајот од аутопсијата, неименованиот киропрктичар во текот на третманот ѝ ја оштетил вертебралната артерија, со што на младата жена ѝ бил прекинат протокот на крв до мозокот и таа наскоро починала.
Нејзината смрт е окарактеризирана како „несреќен случај“, но не е познато дали на киропрактичарот, кој непрофесионално ја извршил својата работа, ќе му биде одземена дозволата за работа.
Меј беше самохрана мајка на седумгодишната Миа, па по нејзината смрт е покрената кампања за собирање помош за нејзината ќерка, во чиишто рамки досега се собрани повеќе од 36.000 долари.
Кејти во нејзината кратка кариера се најде на насловните страници на „Плејбој“ и „Спортс илустрејтед“, имаше речиси два милиони фанови на Инстаграм и ја носеше титула „кралица на Снепчат“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.