| четврток, 6 декември 2018 |

Поранешна „Плејбој зајачица“: Сакав да се самоубијам додека живеев со Хефнер

Поранешната Плејбој зајачица и една од девојките на Хју Хефнер, Холи Мадисон, во своите мемоари објавени неодамна, открива една поинаква слика за животот во Плејбој вилата.

hefner1

Таа ја руши сликата за убавиот и луксузниот живот на една Плејбој зајачица и го негира мислењето дека животот таму бил само секс, одлична забава и необична авантура.

Како што пренесува „Ју ес Викли”, таа била толку депресивна што помислувала и на самоубиство.

– Животот на вилата стана вистинска ноќна мора. Го изгубив својот идентитет, а додека лежев во када, размислував и за самоубиство – пишува Холи.

hefner

„Многу сум возбудена што конечно ќе го споделам со светот ова искуство. Мислам дека мојата книга ќе изненади многумина“, рекла Холи која покрај односот со Хефнер открива детали за дрога, секс, злоставување, целовечерни забави и како навистина изгледал животот зад ѕидовите со Кендра и Бриџит, но и со самиот Хефнер.

Денес, Холи е среќно омажена за Паскал Ротел со кого има двегодишна ќерка Рејнбоу.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top