Марчело Липи ќе стане најскапо платен тренер во историјата на фудбалот, но не како предводник на клуб, туку како селектор. Славниот италијански тренер по речиси две години отсуство ќе се врати на фудбалската сцена и тоа на голема врата откако прифати да биде селектор на националниот состав на Кина.
Стратегот со кој Италија стигна до светската титула на Мундијалот пред десет години ќе добива 20 милиони евра на годишно ниво со што дефинитивно ќе стане најскапо платен стратег.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.