| четврток, 6 декември 2018 |

Јелисавета против Путин – најубавата противничка на рускиот претседател е ќерка на негов близок соработник

lisa

Јелисавета Лиса Пескова (18) зборува пет јазици, позната е по убавината, но и по тоа што не се плаши да ја критикува власта.

Иако е ќерка на портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, таа често го изразува својот став дури и кога тој е во спротивен од ставот на рускиот лидер, пренесува „Дејли меил“.

lisa2

Лиса Пескова ја критикува и Путиновата политика за хомосексуалците и истополовите бракови.

-Не сум против истополовите бракови. Никогаш не знаете во какви услови некој израснал. Јас поддржувам сечиј избор – рекла таа за една руска станица.

Ќерката на Дмитриј Песков смета дека образовниот систем во Русија е многу лош.

-Тоа е пекол. Знам дека не сум единствена која мисли дека образовниот систем во Русија мора да се менува – оценува девојката.

lisa3

 

Оваа девојка стана многу популарна на социјалните мрежи каде што често објавува провокативни фотографии.

Иако е ќерка на богати родители, таа вели дека не е дел од руските златни деца.

-Сите мислат дека поради тоа што Песков ми е татко, јас имам возачи и скапа облека, но тоа не е така. Скапите работи главно ги позајмувам од мајка ми – вели таа.

Лиса смета дека Русија е добра само за богатите семејства како нејзиното.

-Европа е повеќе приспособена на животите на обичните луѓе. Но и ако си одам од Русија, тоа не значи дека не ја сакам – вели Лиса.

lisa4

Нејзината мајка живее со нејзините браќа во Париз, по разводот од Дмитриј.

Песков пак повторно се ожени и тоа со поранешната шампионка во уметничко лизгање Татјана Навко.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top