| четврток, 6 декември 2018 |

Во Алепо на сила „хуманитарна пауза“

­

alepo

Во сирискиот град Алепо од осум часот по локално време (пет по Гринич) влезе во сила „хуманитарна пауза“, прогласена од Русија, со која на жителите ќе им се овозможи да го напуштат градот. Москва вчера соопшти дека примирјето ќе трае 11 часа. Сириската армија пак вчера нагласи дека тоа ќе трае три дена.

Во Берлин, рускиот претседател Валдимир Путин рече дека е подготвен да ги прекине „колку е можно“ воздушните напади.

Генерал штабот на руската армија вчера соопшти за отворање осум хуманитарни коридори, шест за евакуирање цивили и болни и ранети и два за повлекување на вооружени бунтовници.

Сириската Влада соопшти дека ги повлекува војските од позиции од неколку реони во Алепо за да им дозволи на бунтовниците да ги напуштат источните реони од градот преку специјално формирани коридори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top