| четврток, 6 декември 2018 |

Египјани правеле лажни фотографии на „деца-жртви од Алепо“

­

dete-krv

Египетската полиција во градот Порт Саид денеска уапси пет лица под обвинение дека изработувале и објавувале фотографии за кои тврделе дека прикажуваат деца­жртви од сирискиот град Алепо.

Министерството за внатрешни работи на Египет, соопшти дека станува збор за снимател, фотограф, негов асистен и за родители на две деца, кои биле користени како модели за изработка на лажните фотографии. Уапсените признале дека децата ги превивале со завои и гази натопени со лажна крв и ги терале да позираат на урнатини, тврдејќи дека станува збор за фотографии од Алепо.

Фотографиите потоа ги објавувале на социјланите мрежи манипулирајќи со јавноста. Како што јави лондонски „Индепендент“ едно од двете деца признало дека го натерале да говори пред камера за тоа „какво е чувството да се живее под ударот на гранатите што ги истрелуваат руските и сисирските сили врз Алепо“.

Целиот случај бил случајно откриен, откако полициска патрола забележала како еден маж ги фотографира двете деца во разурнати остатоци од објект во близината на Порт Саид. Фотографот, кој од останатите е посочен како предвоник и организатор на измамата, е задржан во притовор, додека останатите се пушетни на слобода со кауција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top