| четврток, 6 декември 2018 |

За 18 рефрени Мишо Ковач во Штутгарт добил 25.000 евра

Со својот настап во Штутгарт, музичкиот ветеран Мишо Ковач преку ноќ „воскресна“ во дијаспората, пласирајќи се меѓу подобро платените хрватски музички ѕвезди. Според неофицијални извори за својот ангажман и осумнаесет отпеани рефрени, на бината на престижната сала „Порше арена“, Мишо поголемиот дел од концертот се тетеравел и си зборувал сам на себе, но преку својата менаџерка договорил сума од 25.000 евра.
Звучи речиси неверојано стариот далматински волк според сумата да се вброи меѓу најплатените хрватски ѕвезди како Оливер Драгоевиќ, Џибони, Розга или „Прљаво казалиште“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top