| четврток, 6 декември 2018 |

Хулиганите во МВР ѝ го чуваат стравот на Катица: Предизборните инциденти почнаа со „алфите“ на Спасовски и спектаклот на Јанева

katica-i-lence-ubkМесто да спроведе правна постапка во согласност со законот, Катица Јанева во координација со генералниот секретар на СДСМ, кој во моментов е технички министер за врантрешни работи, почна да ги реализира намерите на СДСМ и Сорос за предизвикување предизборни инциденти, кои треба да фрлат дамка врз изборите за да може СДСМ да го оправда поразот на 11 декември.

Вчера претпладнето во 11 часот, во придружба на членови на Единицата за прв одоговор „Алфа“ Јанева изврши упад во МВР, во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), и без комплетирана документација се обиде да ги добие материјалите од судските наредби за следење на комуникациите, иако можела да го направи тоа директно во судот, бидејќи токму оваа институција и ги издала.

Очигледно е дека целта на Катица Јанева не ѝ е да обезбеди „имиџи“, односно податоци, туку да направи инцидент што ќе се пласира на платеничките медиуми под директно раководство на СДСМ како опструкција на нејзиното обвинителство од страна на УБК.

По масовниот собир на ВМРО-ДПМНЕ, на кој присуствуваа 40.000 граѓани или неколкупати повеќе одошто на срамниот марш за федерализација на Македонија, во организација на СДСМ и Сорос, кој симболично почна пред СЈО, а што го предводеа аболираниот криминалец Зоран Заев и обвинетиот во „Пуч“ Зоран Верушевски, стравот од извесниот пораз кој доаѓа на 11 декември предизвика вистински хаос кој уште еднаш потврди дека СЈО на чело со Јанева е класична партиска организација на СДСМ која ги спроведува постапките како што налага опозицијата.

oliver-spasovski

Вчерашниот упад на Јанева во УБК не е случаен, туку осмислен и логичен след, имајќи ги предвид настаните кои му претходеа. Во понеделникот, на 17 октомври, на денот кога се распушта Собранието, тгенералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски, кој во моментов е технички министер за врантрепни работи, незаконски разместувал професионални полициски кадри Единицата за прв одговор – Алфа и на нивно место инсталирал партиски послушници.

Само два дена подоцна Јанева упаѓа во УБК со придружба токму на Алфите, но без знаење на началникот на СВР Скопје.

rnjnj

Јас разговарав денеска со началникот на СВР Скопје, тој не знаеше дека се ангажирани Алфите и не знаеше дека Алфите се присутни во кругот на МВР и се стционирани пред УБК. Тој беше изненаден и псоле моето јавување ги повлече луѓето, рече Чавков доцна синоќа.

Директорот на БЈБ рече дека активирањето на Алфите секако е противзаконски и тоа ќе се докаже, бидејќи треба да се види кој ги ангажирал, за која задача ги ангажирал и според кој критериум се определени токму овие луѓе да бидат ангажирани.

Република веќе еднаш го постави прашањето дали Спасовски го подготвува МВР за предизвикување предизборни инциденти, со што би се фрлило дамка врз изборниот процес и би се дискредитирале самите избори, за кои СДСМ однапред знае дека ќе ги изгуби. Дали на овој начин, преку инсталирање на криминалното подземје во МВР СДСМ бара начин да ги поништи изборите на 11 декември кога веќе не успеа да избега и уште еднаш да го одложи. Одговорот простигнува еден ден подоцна. Очигледно е дека СДСМ го активира подземјето за да ѝ го чува стравот на Јанева додека правејќи медиумски спектакли, ги спроведува црните сценарија на СДСМ и Сорос.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top