| четврток, 6 декември 2018 |

Не сака да му роди бебе – цело Врање на нозе поради девојчето кое го прогонува педофил

dete

Во Центарот за социјална работа, основното училиште Радоје Домановиќ, Полициската управа, Основното јавно обвинителство и Заводот за ментално здравје во Врање се е во знакот на заштита на девојчето Н.С.(13) кое го обљубил притворениот Ненад Стевановиќ Роки (37) од Крива Феја кај Врањска Бања.

При разгледување на случајот во центарот за социјални работи во Врање утврдени се задачи и превентивни мерки на државните органи, институциите, училишните власти, и родителите Верица и Слаѓан Станисављевиќ со цел да се заштити ученичката во седмо одделение, после излегувањето на педофилот од затвор.

Поради педофилија, Основниот суд во Врање му одреди притвор на обвинетитот Ненад Стевановиќ до 30 дена. Времетарењето на неговиот притвор наскоро ќе истече, поради што целото семејство и девојчето се во грч, плашејќи се од одмазда на педофилот.

Кога бил уапсен тој тврдел дека се сакале со девојчето и дека сакал да се ожени со неа. Таа пак во својата исповед тврдела дека се гледале, но дека сакала да се разделат кога тој почнал да и спомнува брак и дека сака да му роди бебе. Во таа прилика таа изјавила дека се плаши од она што овој човек може да му направи на нејзиното семејство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top