| четврток, 6 декември 2018 |

Дестинации за вистински гурмани – пробајте ја највкусната улична храна

Вкусната улична храна, која се јаде на нога е често добар мотив за патување во некои градови со светот.

Речиси никогаш немаме доволно време се да видиме при посета на некој град, па туристите често јадат храна на улица за да не се губи време во рестораните.

Во многу градови се организираат улични фестивали на храна кои се повод за туристите да ги посетат. На уличните тезги можат да се пробаат автентични јадења, кои воедно се брз и евтин ручек.

Палачинки, Париз

Тие се јадат во текот на целата година во кое било време од денот, како солени или благи оброци. Парижаните сакаат палачинки со сирење, но и шунка и јајца за појадок. Тие ги јадат како десерт со овошје, шеќер, чоколадо. Највкусни се оние на булеварот Монпарнас.

Супл, Рим

Тие многу потсетуваат на сицилијанските аранчини – поховани топчиња од ориз полнети со моцарела, месо или зеленчук и се одлична закуска. Супл многу потсетува и на крокети, а се продаваат во киосците за пица. Постојат и модерни верзии со разни вкусови.

Колбаси, Берлин

Вистинскиот „каривурст“ е отворен во 1949 година и веднаш стана една од главните карактеристи на германската култура. Кобасиците со кечап или кари кои се служат исецкани на кругови, во кифли или со малку помфрит е најпопуларна храна во Германија. Германците годишно јадат по 800 милиони кобасици, а најмногу во Берлин и Хамбург.

Фалафел, Ерусалим

Потеклото на фалафелот е контроверзно, бидејќи го присвојуваат Египќаните, Палестинците, Израелците. Најголема улога сепак имаат Израелците, затоа што овие топчиња од пилешко или од мелена леблебија во Тел Авив или во Ерусалим се јадат во сендвичи со салата или во пита. Тие се јадат со зеленчук, лут или таан сос

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top