| четврток, 6 декември 2018 |

Гвардиола со Манчестер Сити се враќа на местото каде што доживеа тренерска афирмација

pep-gvardiola

Фудбалерите на Барселона денес ја пречекуваат екипата на Манчестер Сити во рамките на третото коло од групната фаза во Лигата на шампионите.

Натпреварот на „Камп ноу“ ќе привлече големо внимание затоа што во Барселона ќе се врати Пеп Гвардиола, но овој пат како тренер на Манчестер Сити.

– Ова е голем натпревар за сите нас и сите мораме да го дадеме нашиот максимум. Играме повторно против Сити, но ова сега е една сосема поинаква екипа. Мислам дека Гвардиола го претвори Сити во Барселона. Тие играат со ист стил како што играме и ние и ќе биде многу интересно да се види како тоа ќе изгледа на теренот – изјави стоперот на Барселона, Жерард Пике.

Тој, меѓу другото, додаде дека се радува што Пеп Гвардиола се враќа во Барселона и порача дека сите сигурно ќе го дочекаат со овации. Тој не заборави да каже дека токму Гвардиола бил главниот виновник што Пике во 2009 година се врати во Барселона од редовите на Манчестер Јунајтед.

Во другите седум дуели се среќаваат:

Арсенал – Лудогорец, Баерн Минхен – ПСВ, Селтик – Борусија Менхенгладбах, Динамо Киев – Бенфика, Ростов – Атлетико Мадрид, Наполи – Бешикташ, Пари сен Жермен – Базел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top