Летово Барселона не штедеше пари за засилувања, а сепак ниту еден од новите играчи кои ги доведоа, досега не успеа да ја затресе противничката мрежа.
Шпански „Ас“ ги собрал минутажите на сите нови играчи кои летово стигнаа во Барса, а тие вкупно одиграле сокоро 1 983 минути без да дадат гол. Иако меѓу нив има голман, холанѓанецот Цилесен и двајца дефанзивци, Самуел Умтити и Лукас Дињ, од кои и не се очекуваат многу погодоци, поискусните одбрамбени играчи, Матје и Пике веќе им дадоа пример со постигнати 4 гола.
Од средниот ред, засилувањата Денис Суарез и Андре Гомез се уште се без постигнат гол, а во нападот потфрли и скапото засилување од Валенсија, Пако Алкасер.
Јаспер Цилесен (90)
Самуел Умтити (431)
Лукас Дињ (408)
Андре Гомез (417)
Денис Суарез(413)
Пако Алкасер (224)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.