Роден во: 1972 година
Занимање: дипломат од пелени
Омилено цвеќе: сончоглед
Дојде ли време за избори, ете ти го манекенот од Холандија. За него изборите се своевиден модна недела. Уште од удобноста на холандската фотеља ќе испрати колумничка-две, една да му се објави во портал, другата во весник, па потоа ќе слета на „Александар Велики“ уфирцан, исштиркан, веќе бендисан кај топтемашите. Ќе му дадат дадат термин-два, за кусур никој нема да му земе, изборите ќе дојдат и ќе поминат, а народот не ни забележал дека Никола Димитров бил во Македонија. За нејзино добро, секако.
Од созревањетои Никола Димитров е во политиката, но не созреа со годините.
„Бранко му беше и му е сè уште идол, пороци слични, стабилност со Бранко иста, држење до збор во мртва трка се со Бранко кој е пошарлатан и кој побрзо ќе те излаже, е тоа е Никола Димитров. И тој е еден од тие што ја молзеше партијата, а сега лажно се претставува дека бил вмровец“, напиша во една пригода лани во март Мане Јаковлевски, испровоциран од колумната на поранешниот заменик-министер за надворешни работи и поранешен амбасадор на Македонија во САД и во Холандија „Ново сонце на слободата“. Тогаш Димитров го започна своето беседење со зборивите „ВМРО е преголем симбол за Македонија за да дозволиме да се претвори во срам за државата. Сите ние, граѓаните на Република Македонија сме ВМРО“.
И тогаш неговото сонце на слободата го огреа – од страната на розата. Ги собра симпатиите по кои беше тргнат и како сончогледот ја смени страната. Денес овој голем вмровец се враќа на политичката сцена за да се бори против ВМРО, зашто . Толку од сериозноста.
„Се вратив во мојата татковина поради „мерките“ на Владата. Мерки што создадоа еден вистински нов егзодус на сопствениот народ, претворајќи ја сиромашната држава во слуга на богатата партија, а граѓаните во феудални поданици. Способни млади луѓе си ја бараат среќата по светот, работат и создаваат за други држави, и ретко кој се врти назад за да фрли макар еден поглед. Најголемиот проект на режимот – узурпација до укинување на државата за лични цели – е болест што се чувствуваше одамна, но се потврди како со рендген снимка преку објавените разговори со што всушност започна лекувањето. Проект што од нашата Македонија направи земја на неказнивоста и безнадежноста.
Си најдов работа и почнав да пуштам корен и да си ја барам среќата во Холандија. Но, нема лична среќа кога татковината лежи на земја.“
Човекот кој не се ни обидел да ја најде личната среќа во Македонија, кој од првите години на полнолетството благодарение на дилпломатијата живее во белиот светво сдсмовски маинр, со скапа облека доаѓа да го потапка рамото на „напатениот Македонец“ со раката на која блеска уште поскап часовник.
„Дојде време да се стави рака во огинот. Во нормални времиња, никогаш немаше да се нафатам да бидам политичар.“ – види му го акалот, крој му ја капата. Ова го кажува човек кој целиот живот го минал во политиката. Но, покрај се не треба да зачудува збрканоста, зашто таа доаѓа од страната на розата. Како да се удрени со тупаницата, и Димитров и неговиот духовен водач од Муртино, се однесуваат малку како сакам кажам не знам речам. Сигурно утре и тој ќе биде несфатен, сакал друго да каже, ама му излетало. А и не е битно.
Димитров, кој формално ѝ се врати на политиката и не мисли да се враќа во Холандија, барем некое време, како што вели, иако дојден за избори, смета дека треба да се почека уште две години за да се направи вистинска политичка промена во Македонија, бидејќи она што е потребно за фер и регуларни избори сè уште не постои сега.
„Дали би ни помогнало ако имаме дополнителни две години? Дали тоа ќе помогне да имаме подобар изборен систем, подобро судство? Дали ќе имаме подобри гаранции дека нема да се злоупотребува државниот апарат, дека нема да се даваат поголеми пензии пред избори, дека нема да има притисоци врз државните службеници? Лично не сум убеден дека ќе биде подобро така. Напротив мислам дека треба да ги извлечеме малите победи на Пржино, како оваа за новата влада со кадри на СДСМ, без оглед колку се опструира нивното учество. Бидејќи каде ќе се движи бродот зависи од кормиларот, но зависи исто така и од морнарите и од брановите. Ние треба да го разбрануваме морето“, порача Димитров и се намести за селфи со радикалната тупаница Зекири. Толку од патриотските намери.
Изборите и лидерите ќе фрлат дебела сенка врз бледата фигура, која повеќе може да се нарече шетачка отоколку политичка, на Никола Димитров, тој ќе продефилира во почетокот вака срамежливо, пред крајот многу посамоуверено, по пистите, порталите и телевизиите, ќе потпали некои стари огнови, ќе разбуди лажни надежи, ќе си се спакува и ќе ѝ се врати на среќата во Холандија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.