| четврток, 6 декември 2018 |

На грчките свештеници во САД им е забрането да наплатуваат крштевки, венчавки и опела

popovi

На грчките свештеници кои работат во САД им забраниле да наплатуваат за венчавки, крштевки и опела, а од семејствата кои ги повикале смеат да земат само симболичен износ. Грчките свештеници ќе примаат плата од државата чија висина ќе зависи од нивната старост, објавила верската информативна заедница.

Во Атина биле соопштени и платите на грчите свештеници во САД кои секоја година се ускладуваат со инфлацијата. Грчката црква во САД, Канада и Јужна Америка има 12 митрополити за околу 600 000 верници. Во нејзиниот состав се и автономните епархии на Украина и Русија што ја прави најголемата православна црква на американскиот континент. Таму, свештенк почетник зема плата од околу 50 000 долари, а оние со поголем стаж земаат месечна плата и до 120 000 долари.

Има случаи и со далеку поголеми примања, како грчките свештеници во Њујорк кои земаат околу 200 000 долари плата. Освен плата, таму свештениците имаат и службени автомобили, разни доплати за посетување на конференции како и службени станови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top