| четврток, 6 декември 2018 |

Изел една од најлутите пиперки и ги запрепастил лекарите – имал дупка во желудникот

%d0%bb%d1%83%d1%82%d0%be

Еден 47 годишен Американец изел една од најлутите пиперки на светот. Пиперката имала лутина милион според Сковиловата скала и е 400 пати полута од тобаско сосот.

Мажот изел бургер со пире од пиперката Бтут јолоки, но набрзо после конзумацијата почнал многу да повраќа и да се грчи при што осетил остра болка во делот на стомакот и градите. Веднаш е префрлен во болница и докторите брзо откриле дека боледува од руптура на желудник.

-Пациенотот е интубиран и веднаш префрлен на операцијапри што е утврдено дека има дупка од 2,5 сантиметри на желудникот, како и пенумоторакс на левата страна на градите – пишува во извештајот.

Во болница минал 23 дена, но пуштен е со добри прогнози.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top