| четврток, 6 декември 2018 |

Минав низ најкрвавите војни во светот, но најтешката работа ми беше во куќата на Бред и Анџелина

 

bred-angelina

Марк Билингам минал цели 27 години во специјалните воздухопловни сили на британската војска, војувал на бројни воени боишта, а заработил и орден за храброст откако уапсил снајперист на ИРА. Сепак, овој специјалец во разговор со британски Сан открил дека најтешката работа во животот ја имал во Холивуд.

Тој последните 18 месеци работел како телохранител на Бред Пит и Анџелина Џоли, а сега по разводот на двојката одлучил да проговори за деталите од овој ангажман. Тој вели дека парот во него стекнал толкава доверба, што децата ги пуштале со него да одат каде сакаат, до тој степен што мнекои го нарекувале нивен втор татко.

Сега, кога веќе не работи за нив, Марк е ѕвезда во реалното шоу во кое 25 обични луѓе се обидуваат да преживеат воена обука во еквадорска шума. Поранешниот специлајец вели дека Бред Пит сигурно не би издржал во овој предизвик.

– Не би останал долго тука. Без своите креми мислам дека би полудел. Тој е преубав за оваа работа. Од друга стрна пак, мислам дека Анџелина би издржала, па можеби и до крајот, вели тој.

NINTCHDBPICT000274153859

На темата како е да се обезбедува најпознатиот пар во светот и да се чуваат нивните деца, Марк одговорил.

–  Само војската може до одреден степен да те подготви за такво нешто. Сепак, можам да кажам дека тој ангажмен беше најтешкиот во мојот живот. Бев нивен шеф на обезбедување и навистина немаше момент кога ми беше лесно. Беа опседнати со идејата дека некој ќе им ги киднапира децата и се им се вртеше околу парите.

Марк раскажал дека единствено тој смеел да им се приближи на децата.

– Никој не смееше да ги допре. Од почетокот се разви некое разбирање и блискост помеѓу мене и децата, што Бред и Анџелина го забележаа. По одредено време станавме и блиски. Ги водев каде што сакаа, па некогаш и без знаење на Анџелина.

August 25, 2007: Angelina Jolie takes her three adopted children to Central Park in New York City this afternoon. Jolie treated the kids to ice cream treats and a ride on the carousel. Pictured here with Jolie are Zahara Jolie-Pitt and Pax Jolie-Pitt. Credit: INFphoto.com Ref.: infusny-04/24/38

Меѓутоа, проблемот бил што тој им бил единствениот пријател на децата.

– Обезбедувањето го појачав со уште неколку луѓе, мои соработници во кои имам апсолутна доверба. Меѓутоа, парот на сите нив им забрани контакт со децата. Само смееа да ги глдаат од дистанца и не смееја да ги допрат, завршил тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top