| четврток, 6 декември 2018 |

Време на распад на холивудски бракови – пука уште една голема љубов!

%d0%bd%d0%b8%d0%ba%d0%be%d0%bb

Австралиската актерка Никол Кидман е на чекор од развод со музичарот Кит Урбан, пишува Дејли меил, повикувајќи се на извор близок на парот.

-Веќе не поминуваат многу време заедно, иако со сега секогаш се жалеа кога требаше да се разделат. Сега тоа веќе не е случај, бидејќи тие не уживаат во времето кое го поминуваат заедно – рекол изворот.

Освен тоа забележливо е дека актерката и музичарот избегнуваат да се појавуваат заедно. Последен пат се појавиле заедно пред 2 месеца.

Парот има две деца, 8 годишната Сандеј Роуз и 5 годишната Фејт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top